Иако самата помисла за одмор во јужна Италија најмногу ќе асоцира на одмор во летните месеци, јужна Италија секако има што да понуди и во зимскиот и божиќниот период.
А доказ за тоа е ова шармантно место со уште пошармантно име – Локоротондо, кое во последните години привлекува се повеќе туристи во декември.
View this post on Instagram
Локоротондо е мал град кој го најде своето место во Апулија, во самата петица на италијанската „чизма“.
Иако Локолотодно не може да го сокрие својот шарм во ниту еден период од годината, ова живописно место е вистинска локација за оние кои го обожаваат периодот на божиќните и новогодишните празници.
View this post on Instagram
Локоротондо е еден од типичните атмосферски стари градови во Апулија со блескави бели фасади, поради што во декември станува божиќна дестинација од бајките, која остава малкумина рамнодушни.
View this post on Instagram
Имено, внимателно избраната декорација во градот создава неверојатен контраст помеѓу црвената, божиќните тонови и белите ѕидови, а благодарение на мноштвото светилки и традиционални украси ќе се чувствувате како да сте во бајка!
View this post on Instagram
Затоа сите жители на Локоротондо ги доживуваат празниците како магичен момент; за посетителите во декември тие организираат прошетки низ градот, одење на божиќни концерти со музичари – џуџиња, како и неизбежна посета на анимирани јасли.
View this post on Instagram
Затоа, доколку сте еден од оние кои сѐ уште бараат идеална локација за божиќно патување, Локоротондо е место со кое едноставно не можете да погрешите, а со кое се согласуваат многу светски портали за патувања.
View this post on Instagram