Најтопла ноќ во историјата на Европа

Сподели со своите пријатели

Северозападна Европа оваа недела се подготвува за продолжение на летните горештини какви што имаше кон крајот на јуни, Париз воведе трет од четирите степени од планот за одбрана од горештините.

Loading...

Од Франција преку земјите на Бенелукс до Германија метеоролошките служби издале предупредување. Температурата во среда или четврток повторно ќе достигне 40 степени, по што кон крајот на неделата ќе опадне. Британските метеоролози најавуваат дека ноќта меѓу понеделник и вторник ќе биде најтопла во историјата.

Во Франција топлотниот бран би можел да потрае пократко отколку во јуни кога на 28ми јуни е срушен апсолутен температурен рекорд во Верагуес, на југот, каде биле измерени 46 степени. Овој пат не очекуваат толкави температури, но северната половина на земјата би можела многу повеќе да ја почувствува, пренесува Франс прес.

Во четврток во Париз се очекуваат 41-42 степени со голема веројатност дека ќе се урне рекордот од 40,4 степени забележан во 1947 година, сметаат француските метеоролози.

Француската престолнина прогласи четврт степен за одбрана од топлотниот бран кој предвидува отворање „сали за освежување“ во јавни објекти и поставување привремени јавни чешми и распрскувачи на влага како и низа мерки наменети за старите лица.

Четириесетина степени се очекуваат ви северна и централна Италија, особено во Фиренца и Ферари. Југот и централниот дел на Европа овој пак ќе бидат поштедени од пеколните горештини.

Во четврток топлината ќе се пресели во земјите на Бенелукс (Белгија, Холандија, Луксембург). Можно е овие три земји прв пат да имаат искуство со температури од 40 степени.

Во Белгија Метеоролошкиот кралски завод издал предупредување за големи горештини кои ќе бидат на сила до петок на полноќ.

Loading...

Австрија пак објави портокалово предупредување за четврток и петок, но само за западниот дел од земјата.

Во Португалија ударите на ветерот и сушата ја отежнуваат борбата со голем пожар кој од сабота беснее во планинското подрчје во централниот дел од државата.

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Leave a Reply