Најтесната куќа во Лондон чини над милион долари, сега е ставена на продажба

Сподели со своите пријатели

Куќата, проценета како „веројатно најтесната куќа во Лондон“, е ставена на продажба и за неа се бараат 1,3 милиони долари, според Си-Ен-Ен.

 

 

Ширина од околу 180 сантиметри, зафаќа околу 96 квадратни метри, а куќата порано била продавница за шешири, според агентот за недвижнини кој ја продава.

 

 

Куќата со две спални соби во Шепард Буш во западен Лондон ја редизајнирал модниот фотограф Јирген Телер.

 

 

– Необична е, шармантна и одлична за забава, ќе им се допадне на оние што мислат дека има повеќе во животот отколку „два доле, два горе“ – вели Дејвид Мејерс, агент за продажба.

 

 

На ниво на подрумот се наоѓа кујната, трпезаријата и двојните стаклени врати што водат кон градината, додека на првиот кат е дневната соба.

 

 

На вториот кат се наоѓаат работната соба и спалната соба и терасата на покривот.

 

 

На третиот кат има две бањи и гардеробер, на самиот врв е главната спална соба.

 

 

На овој начин, најдобро се користи таков простор.

 

 

Тесните куќи веќе долго време се во фокусот на државите каде земјата се оданочува по ширина, како Виетнам и Холандија, а Јапонија се етаблираше како пионер на ова поле.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply