Најтенкиот механички часовник во светот чини како неколку Ферариja (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Соработката на познати имиња во производството на часовници и автомобили не е нешто необично, но оваа оди подалеку од се што е видено досега.

Ричард Мил е еден од најугледните производители на часовници, а неговата соработка со најпознатите имиња во автомобилската индустрија редовно резултира со ремек-дела. Така, часовникот е создаден во соработка со McLaren во чест на моделот Speedtail и се продава за дури 821.000 евра.

И во тој случај не се прекршува „непишаното правило“ дека часовникот сепак мора да биде поевтин од автомобилот со кој е збратимен.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луѓето максимално можат да живеат до 115 години

Најновото дело оди чекор понатаму. Откако неодамна ги здружија силите, го имаат првиот производ за кој ќе се зборува со години. Неговото име е RM UP-01 и е најтенкиот механички часовник во светот. Верувале или не, неговата дебелина е само 1,75 mm, што значи дека е точно 0,05 mm потенок од директниот ривал, моделот Bulgari Octo Finissimo Ultra. На пример, прамен од косата е дебел од 0,017 до 0,18 мм.

 

 

Поголемиот дел од видливата структура е направена од легура на титаниум со примеси на алуминиум и ванадиум. Подвижниот дел од часовникот е дебел само 1,18 mm, што е и светски рекорд. Има резерва на енергија од 45 часа, што значи дека ќе треба релативно често да го навивате.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лута шефица на банда се жалеле на ТикТок за „8 години затвор“, па доби 10

 

 

Водоотпорен е до длабочина од 10 метри, а може да издржи и екстремно тешки товари. Ако се прашувате колку време им било потребно за дизајнирање и изработка на овој часовник, компанијата вели дека потрошиле околу 6.000 работни часови.

На пазарот ќе бидат понудени само 150 примероци од овој навистина посебен рачен часовник, а секој ќе се нуди по цена од 1,85 милиони евра.