НАЈСТАРИТЕ ТЕТОВАЖИ ВО СВЕТОТ: Однеле во смрт тајна стара 5.000 години (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Животни со рогови и геометриски форми откриени се како мотиви на тетоважи пронајдени на машка и женска мумија стари околу 5.000 години.

Целиот век по нивното првобитно откритие, мумифицираните тела ги откриле новите тајни. За она што досега се третирало како темна дамка на нивните тела, се испоставило дека се работи за тетоважи кои ги откриле британските научници користејќи инфрацрвена фотографија.

 

Loading...

 

Машката мумија наречена „Мажот од Гебелин А“ има две тетоважи кои благо се поклопуваат. Мотивите на дивиот бик и барбари овцата се наоѓаат на неговата надлактица, а направени се со пигмент на база на јаглерод, можеби со некој вид на чад.

На надлактицата и рамото на женската мумија пронајдена е линеарна тетоважа во форма на бувката „Ѕ“. Според осегашните истражувања, се работи за најстарата тетовирана женска личност некогаш пронајдена.

 

 

– Местата на кои тетоважите се направени сугерираат дека се осмислени да бидат многу видливи, рекол кустосот по физичка антропологија од Британскиот музеј, Даниел Антоан.

Се работи за мумии кои се откриени во 1896. година во египетскиот град Гебелин, а утврдено е дека живееле и во пред-династичкиот период некаде помеѓу 3.351. и 3017. година пред Христос. Мумиите биле изложени во музејот од времето кога биле пронајдени.

 

Loading...

 

Потврдено е дека машката мумија била млад маж кој имал помеѓу 18-12 година кога починал од убодни рани на грбот.

Leave a Reply