За разлика од поголемиот дел од нас кои по пензионирањето веројатно би седеле дома и уживале, иако немаме многу пари, стогодишниот милијардер Чунг Јун Чунг се уште работи.
Останувањето дома за основачо на компанијата „Pacific International Lines“ (PIL) не е опција. Иако позицијата директор ја препуштил на својот син Тео Сионг Сенгу претходно годинава, стогодишниот Сингапурец и атаму инсистира да оди на работа секоја ден.
Индиски милијардер во добротворни цели донираше 7,5 милијарди долари
– Тоа е моја навика, рекол Чунд за CNBC.
Тој вели дека ја посетува фирмата секојдневно за да мине низ сите иперации и да го провери секое одделение.
– Секој ден ги пишувам своите активности во дневни. Едноставно не можам да бидам дома, многу ми е досадно, додава Чунг кој компанијата ја основал во далечната 1967 година.
Овие милијардери започнаа жестока битка за престиж и само еден може да биде победник
Неговиот син Тео вели дека барем два пати дневно се консултира со својот татко околу одредени одлуки и водењето на компанијата со скоро 18.000 вработени.
– Во секоја работа, особено водење на бродарска компанија, наидувате на разни проблеми, од политички, технички, до несреќи. Да останете смирен и да заборабите на темпераментот во оваа професија е најважно, а тоа е она што го научив од својот татко и се уште учам од него, вели Сенг.
РАЈ ЗА СПОНЗОРУШИ: Ова е градот со најмногу милијардери во светот
Стогодишниот Чунг вели дека доброто ментално здравје го одржувале среќен сите овие години.
– Никогаш не губам нерви. Не го можам тоа. Кога ќе ги загубите нервите, едностано не можете да се контролирате, рекол Чунг.