Најстариот фудбалер на светот има 74 години

Сподели со своите пријатели

Египќанецот Езелдин Бахадер, кој има 74 години, вчера официјално стана највозрасниот активен фудбалер на светот и го доби признанието за Гинисовата книга на рекорди.

Loading...

Бахадар ги одигра сите 90 минути за клубот „6 октомври“ на натпреварот од третата лига на Египет, против „Ел Ајет Спортс“. Неговиот тим загуби со 3: 2.

Бахадер одигра два официјални натпревара по 90 минути. Првиот натпревар се одигра пред паузата поради корона-пандемијата, па тој мораше да чека седум месеци за да го одигра и вториот натпревар. Со тоа, тој го исполни условот за да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди.

Бахадер е роден на 3 ноември 1945 година и го урна рекордот што до вчера го држеше Израелецот Исак Хаика, кој бранеше минатата година за израелски тим на 73-годишна возраст. 

Слободан Иванов

Leave a Reply