Рускиот математичар Николај Зак и геронтологот Валериј Новоселов тврдат дека Французинката Жана Калман неопвравдано е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстарата жена во светот.
Во Гинисовата книга на светски рекорди стои дека Жан Калман е родена на 21 февруари 1875 година во францускиот град Арлу и дека починала на 4 август 1997 година во дом за стари лица во родниот град.
Меѓутоа, Зак и Новоселов сега тврдат дека тој ден во Арлу всушност починала нејзината 99-годишна ќерка Ивон, која го презела идентитетот на мајката откако вистинската Жан преминала уште во 1934 година. Според статијата објавена на „ReasearchGate“, Ивон идентитетот на мајка и го презела за да семејството не би морало да плати порез за наследство.
Руските научници своите тврдења ги поткрепуваат со докази меѓу кои се нашла и личната карта која во триесеттите години и била издадена на Жан. Висината и бојата на косата која ја имала во подоцнежната даза од животот не одговарале на таа лична карта.
Затоа, Новоселов вели дека мажот на Ивон Калма, Јозеф Чарлс Фредерик, не се женел повторно и покрај тоа што во моментот на смртта на својата сопруга имал 42 години.
– Се зборуваше дека е во многу добри односи со Жан, поради што двајцата заедно го одгледувале синот на Ивон, Фредерик Жан Пол, изјавил Новоселов.
Зак и Новоселов истакнуваат дека поголемиот дел од документите кои се наоѓале во сопственост на Жан се уништени поради што се убедени дека семејството нешто криело.
Нивниот француски колега, Жан Мари, кој во текот на деведесеттите години помагал да се верификува староста на Жан Калман, изјавил дека тврдењата на колегите се бесмислици.
– Сето тоа е лабаво и не е базирано на ништо. Ваквите тврдења можат да се потврдат само со ексумација на телото, заклучил Робен.
Во случај да се утврди дека Калман е измамник, најстара жена во светот би станала Американката Сара Канус која во моментот на смртта во 1999 година имала 119 години.