Најстарата личност на светот, 118-годишната Јапонка Кане Танака ќе го носи олимпискиот факел.
Таа се лекувала од рак двапати, преживела две глобални пандемии и обожава да пие газирани пијалаци. Во мај, таа ќе носи факел во градот Шиме.
Таа ќе го носи факелот во должина од сто метри додека седи во инвалидска количка што ќе ја турка еден од членовите на нејзиното семејство.
Но, таа е решена да направи неколку чекори во финишот и да му го даде факелот на следниот тркач.
Во јануари оваа година, таа доби чевли од нејзиното семејство како подарок за роденден.
– Одлично што го доживеа оваа година и сè уште може да има активен живот. Ние сакаме другите луѓе да го видат тоа и да се чувствуваат инспирирани – да не мислат дека годините се пречка – рече нејзиниот 60-годишен внук Еиџи Танака.
Летните олимписки игри во Токио требаше да се одржат минатата година, но беа одложени за оваа година поради коронавирусот.