Најстарата Европејка го победи коронавирусот и ќе наполни 117 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Француската калуѓерка и најстарата личност во Европа ја преживеаја инфекцијата со Ковид-19 и се избори со болеста во пресрет на нејзиниот 117-ти роденден.

Loading...

Лусил Рандон, која се замонашила во 1944 година и го добила името Андре, била позитивна на 16 јануари, но не покажала симптоми.

Таа за локалните медиуми изјавила дека не знаела ниту дека е болна.

Таа се изолирала од другите луѓе во старечки дом во Тулон на југот на Франција, но сега е целосно здрава, барем што се однесува до Ковид.

 

 

Сестра Андре, која е слепа и е во инвалидска количка, за неколку дена ќе го прослави својот 117 роденден.

Loading...

„Таа воопшто не се плашеше. Никогаш не праша за своето здравје, но се грижеше за другите жители на домот “, вели портпаролот на домот за стари лица, Давид Тавела.

Родена на 11 февруари 1904 година, Андре не е само најстариот жител на Европа, туку и втора најстара личност во светот.

 

Leave a Reply