Најскапите слатки пред неколку дена се изложени на фестивалот на чоколадо во Обидос, Португалија, под строг надзор од стражарите униформирани чувари. Тоа, меѓутоа не е изненадување, затоа што само едно парче единствена чоколада чини 7.728 евра, а оваа ограничена едиција брои 1.000 скапоцени слатки.
Чоколадните бомбони во форма на дијаманти, кои влегоа во Гинисовата книга на рекорди како апсолутно најскапи во светот, ги креирал слаткарот Даниел Гомез. Овие неверојатно скапи слатки задоволства од чоколадо се полнети со шафран, бел тартуф, ванила од Мадагаскар и прекриени листови од злато што се јаде.
Loading...
Своевидна ексклузива е и амбалажата за оваа чоколадо, кое е креирано во форма на круна и украсено со 5.500 „сваровски“ кристали. Прашање е кој во едно залче ќе ја проголта својата плата.
И претходно се појавија, но и денес постојат исклучително скапи слатки и ужитоци, но ова е последен, засега ненадминлив по цена и луксузот.
Пред неколку години, така, во слаткарницата „Блумсбери“ во Дубаи направен е колач од „златен феникс“ чија цена е околу 1.000 долари. Се состои од 24-каратко злато што се јаде, зрно од ванила и какао од Уганда, фино органско брашано увезено од Италија. И задолжително се дегустира со златна лажица. Слаткарниците ова чудо го подготвуваат дури 48 часа.
И најскапиот сладолед, исто така се прави во Дубаи во кафе „Скупи“, каде една топка од овој десерт чини 817 долари. како и останатите сладоледи кои се служат во оваа кафе и „црниот дијамант“ е направен рачно, без вештачкис остојки, а во него има италијански црни тартуфи, ирански шафран и снегулки од 23-каратно злато.
Паста со бели тартуфи Алба, подготвена во ресторан во Дубаи, специјално за пар од Хонгконг чинела 176.000 долари. Второ на листата најаскапи специјалитети е кавијарот Алмас кој може да се најде во Иран и се продава исклучително во кутии од злато, по цена до 25.000 долари.
Веројатно најскапата пица е Ројал 007, кој чини 4.200 долари. Направена е за фановите на филмот за Џејмс Бонд, а содржи мариниран јастог во коњак, кавијар, сос од домати, прштута, димен лосос, дивеч и прекриена е со златни снегулки за јадење од 24-карати.
ОД ЖИВОТНО ДО ШОЛЈА
Шолја, од веќе познатиот напиток „копи лувак“ од Индонезија, поточно Бали, чини околу 30 евра. Во прашње е специфичен вид кафе, која до денес го држи тронот за најскапо во светот. Се добива од измет на еден вид животно кое многу личи на мачка и се вика азиска цибетка, или цивет.
Оваа животно јаде сирови зрна кафе со браон-црвен боја, кои во светот ги има многу малку, исклучително во шумите на Индонезија. По обработката на зрната во својот организам, со варење само исчезнува делот од протеин и кофеин кои кафето го прават форко, а така обработеното зрно се исфрла со изметот. Токму од тоа се прави кафе, кое чини 1.400 долари по килограм.
ТОРТА ЗА ГИНИС
Торта чија цена е неверојатни милион долари во форма на невеста во вистинска величина, висока 182 сантиметри и тешка 120 килограми – најскапа свадбена торта на светот.
Loading...
Направена е за саемот за венчаници во Дубаи, а за неа се потрошени 1.000 јајца, 20 килограми чоколадо, како и над 50 килограми кондиторски производи за греирање на фина „чипка“.
Секој детал во форма на на цветови и бисери е направен рачно, а вкупно се направени пет илјади цветови. Освен декорација која се јаде, употребена е и вистинска – бисери и трократни дијаманти од кои секој чини 200 милиони долари.