Најскапата куќа во Америка чини 295 милиони долари: Ѕирнете во невидениот луксуз (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Познатата американска агентка за недвижности Мери Фицџералд на својот Инстаграм профил објави дека продава луксузна вила која чини вртоглави 295 милиони долари, што е приближно 270 милиони евра.

 

 

И ако очекувавте да најдете соби опкружени со злато и платина за оваа градаба, сте се излажале!

Вилата наречена „The One“ се наоѓа на Бел Еро, „фенси“ дел од Лос Анџелес, а иако содржината повеќе би потсетувала на одморалиште, судејќи според коментарите на оваа мрежа, таа е преценета.

 

 

Луксузното издание се состои од 21 спална соба, дури 49 бањи, „диско сала“, како и салон за убавина со целосна услуга, велнес центар, теретана со бар, куглана со четири ленти, богато опремена винарска визба со 10.000 шишиња, кино кое може да прими 40 посетители, пет базени, гаража во која можат да се сместат 30 автомобили…

Не треба да се заборави прекрасниот поглед на Тихиот Океан.

 

 

Погледнете како изгледа и сами проценете дали е преценето…

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Mary Fitzgerald (@themaryfitzgerald)