НАЈПОПУЛАРНИ АПЛИКАЦИИ ВО МАРТ: TikTok на врвот

Сподели со своите пријатели

Уште од самиот почеток, 2020 година беше исклучително специфична. Во Кина се појави вирус, кој зарази илјадници луѓе за кратко време.

Loading...

Сепак, може да се каже дека светот не очекуваше дека вирусот ќе се рашири во 210 земји за само неколку недели и ќе зарази повеќе од 2 милиони луѓе.

Фејсбук воведе нови реакции на објавите поврзани со пандемијата

Февруари и март беа месеците кога беа донесени првите мерки, кои беа и останаа претежно апелите да останеме дома.

Во овој период, граѓаните мораа да си најдат занимација самите на себе, што главно се должи на напредната технолошка ера во која живееме.

Во март, употребата на социјални мрежи и други апликации значително се зголеми во однос на истиот период во 2019 година.

500.000 лозинки од корисниците на моментално најпопуларната платформа завршија на црниот пазар

Најбарана и најценета апликација во март 2020 година е социјалната мрежа „TikTok“, која имаше 115,2 милиони корисници, што е за 98,4 проценти повеќе од март 2019 година.

Loading...

Земјите каде што најчесто се инсталира оваа апликација се Индија со 29,5 проценти и Бразил со 9,4 проценти.

Втората најбарана апликација минатиот месец беше WhatsApp со скоро 76,3 милиони инсталации, што е за 7,7 проценти повеќе од 2019 година. Земјите што најмногу се инсталираше беа Индија и Бразил со 33,4 и 8,5 проценти.

Процут на 5G уредите: Во оваа држава се очекува продажба на 8,4 милиони уреди

Zoom, Facebook и Messenger се на списокот на првите пет најинсталирани апликации ширум светот, а кои не се видео игри.

На Google Play Store, редот е ист, додека за софтверот iOS, редоследот е малку поинаков.

Zoom е најзастапената апликација во светот, на втората позиција е TikTok, а потоа следуваат DinkTalk, Facebook и Youtube.

Leave a Reply