Четири шумски пожари во овој момент се активни на територијата на општините Куманово и Старо Нагоричане.
На територијата на Куманово активен пожар има во атарот на селото Бељаковце каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Таму од утринава во 07:40 часот на терен е екипа на Територијаталната противпожарна единица Куманово со тројца пожарникари и едно противпожарно возило, информираат од Центарот за управување со кризи.
Во општина Старо Нагоричане во моментот и понатаму е активен пожарот во атарот на селото Кокино кој се дели со длабок дол со селото Арбанашко – м.в. Рамно општина каде гори висока борова шума, дабова шума, габер, сува трева и нискостеблеста мешана шума.
Во моментот од утринските часови на терен се Територијаталната противпожарна единица Старо Нагоричане со 6 пожарникари, 5 вработени полицајци од Полициската канцеларија во Старо Нагоричане, 30 припадници на АРМм 6 лица вработени од Шумско Стопанство со едно теренско возило и неколку мештани од општината Старо Нагоричане.
За пожарот во атарот на селото Дренак од општината Старо Нагоричане, нема конкретни информации, и не е познато дали се дејствува на терен, туку само се наведува дека се исвестени од РЦУК и ТППЕ Куманово, ДЗС ПО Куманово и ЈП Национални шуми ПЕ Куманово.
Никола Ивановски

