Најмногу дожд во Куманово: Рекордни 52 литри на метар квадратен

Сподели со своите пријатели

Куманово го држи рекордот за најмногу наврнат дожд во текот на изминатото деноноќие.

Loading...

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи во Куманово во текот на изминатите 24 часа паднале вкупно 52 литри дожд на метар квадратен.

Потоа следуваат Попова Шапка со 47 литри, Тетово со 42, Пожаране со 40, Скопје со 34 итн.

 

 

Во текот на денешниот ден ќе имаме претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м 2 ).

Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и значително посвежо време со врнежи и услови за грмежи во текот на целиот ден.

Утринската температура ќе се спушти до околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне само 18 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Врнежите се очекува да престанат утре, по што ќе следува повторно пораст на температурите.

 

Никола Ивановски