Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено ќе биде изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени.
Најмногу дожд вчера наврнал во Куманово во текот на изминатото деноноќие наврнале седум литри дожд на метар квадратен. Денеска значитечно намалување на температурата, а не очекува и претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Во попладневните часови можна е појава на грмежи и врнежи. Ќе дува умерен ветер од северен и северозападен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 26 степени.
Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.