И оваа година се одржа традиционалниот Првоаприлски маскенбал во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на кој продефилираа околу триесетина индивидуални и групни маски на најмладите жители на Куманово.
Loading...
[huge_it_gallery id=”333″]
Најмладите ги забавуваа Марко и Александра, актери во кумановскиот театар, а водено и водители на вчерашната манифестација кои беа маскирани во Лавче и Плашило.
Најмалите се маскирани, сите се подготвени за едночасовната забава. И оваа година ќе бидат доделени награди за прво, второ и трето место, награда за најдобар сценски настап, најиновативна маска и групна маска, а ќе бидат доделени и пофалници, изјави в.д. директорот на центарот за култура Сашо Костовски.
Инаку ова е 21-ви пат да се организираа оваа манифестација во НУЦК „Трајко Прокопиев“, со традиција од 1994 година.