Момче родено со тежина од само 212 грама, како јаболко, ја напушти болницата по повеќе од една година по раѓањето и пристигна во неговиот семеен дом.
Квек Ју Ксуан е роден четири месеци предвреме во Сингапур во јуни 2020 година и немал речиси никакви шанси да преживее. Сепак, се покажало дека малиот борец сепак успеал, и во јули оваа година беше пуштен од болница со 6,3 килограми.
Се верува дека ова е бебе со најмала родилна тежина некогаш родено и отпуштено дома.
Според регистарот на Универзитетот во Ајова, дете со тежина од 230 грама родено во 2016 година во Германија било најмалото, додека во Гинисовата книга на рекорди се наведува дека станува збор за Американец роден во 2018 година со тежина од 245 грама.
Ју Ксуан е роден со царски рез во 25-та недела од бременоста во Националната универзитетска болница во Сингапур, пренесува Си -Ен -Ен.
Бебињата родени во термин, околу 40-тата недела од бременоста, тежат во просек од 3 до 4 килограми.
Според регистарот на Универзитетот во Ајова, преживувањето на детето родено со тежина помала од 400 грама е „многу невообичаено“.
Студија од 2016 година покажа дека и покрај напредокот во медицината, бебе родено пред 28-та недела од бременоста и со тежина помала од половина килограм има околу 50 до 70 проценти шанси за преживување.