Најмалку тројца повредени во експлозија на мина во Кабул

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Авганистан објави дека најмалку три лица се повредени утрово во Кабул во експлозија на мина поставена покрај патот, пренесува Бета.

„Мина експлодираше утрово во Кабул, недалеку од Министерството за ветерани и три лица се повредени“, изјави портпаролот на кабулската полиција.

Експлозијата се случи еден ден по самоубиствениот бомбашки напад во близина на домот на вршителот на должноста министер за одбрана.

Leave a Reply