Најмалку тројца мажи се повредени и итно префрлени во болница во напад со нож во градот Дабо во австралиската држава Нов Јужен Велс утрово, објавија локалните медиуми.
Полицијата моментално бара две лица за кои постои сомневање дека се вмешани во нападот.
Тројца мажи се пронајдени со убодни рани во градот Дабо, северозападно од Сиднеј, по три часа утрово по локално време, откако наводно биле нападнати на улица, изјави полицијата за Channel 9News.
Според извештаите, две лица се здобиле со повреди во горниот дел од телото.
Друг 21-годишник претрпел убодни рани во главата, грбот и долниот дел од телото.
Повредените се однесени во болница, а се наведува дека состојбата на жртвите е стабилна.
Австралиската полиција соопшти дека го истражува инцидентот.