Најмалку шест мртви и пет повредени во автобуска несреќа во Швајцарија

Сподели со своите пријатели

Најмалку шест лица загинаа, а пет се повредени, од кои тројца се во критична состојба, во пожар што зафати автобус во центарот на швајцарскиот град Сјетре, соопшти кантоналната полиција на Фриборг.

Според полицијата, четворица од повредените биле патници во автобусот, додека петтиот бил болничар кој бил повреден за време на интервенцијата, објави швајцарскиот јавен медиумски сервис РТС.

Причините за пожарот се уште се нејасни, а се сомнева дека едно лице било вклучено во инцидентот.

Полицијата во моментов се сомнева дека пожарот е предизвикан од човечка грешка, можеби дури и намерен чин, според швајцарската телевизија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британскиот парламент го одби предлогот за забрана на социјални мрежи за лица под 16 години