Најмалку седум загинати во поплава во Мексико

Сподели со своите пријатели

Најмалку седум лица загинаа вчера, а девет се водат како исчезнати по излевање на поројна река во западната мексиканска држава Халиско, соопштија локалните власти.

Loading...

Обилните дождови ја погодија областа помеѓу пет и седум наутро, изјави за AFP Хуан Игнасио Аројо Верастеги, директор на локалната цивилна заштита.

Тој додаде дека како последица на поплавите кои следеа, привремениот биланс се исчезнати девет, а седум загинати.

Реката Ел Кангрехо се излеа од коритата и ги поплави куќите во општината Аутлан, каде живеат околу 60.000 луѓе.

Врнежите беа особено обилни над планинскиот венец Сан Хуан Какома, предизвикувајќи брзи поплави во реката Ел Кангрехо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што следи по прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан?

Некои од телата на жртвите се пронајдени на повеќе од шест километри од местото каде што исчезнале.

Околу стотина спасувачи трагаат по исчезнатите.

Верастеги рече дека е можно сечата на шумите и пожарот во јуни во таа планинска зона да придонеле за поголемо таложење на водата од дождот.

Loading...