Најмалку седум лица загинаа во падот на авион во Мексико

Сподели со своите пријатели

Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион во централно Мексико, кој се урна за време на итно слетување, соопштија локалните власти.

Координаторот за цивилна заштита на државата Мексико, Адриан Ернандез, изјави дека несреќата се случила во Сан Матео Атенко, индустриска зона на околу пет километри од аеродромот Толука и приближно 50 километри западно од Мексико Сити, објави АП.

Авионот полетал од Акапулко, на пацифичкиот брег на Мексико.

Ернандез изјавил дека во авионот имало осум патници и двајца членови на екипажот, но дека само седум тела биле пронајдени неколку часа по падот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД нападна три брода во Пацификот и уби 8 лица, тврдејќи дека превезуваат дрога

Според него, авионот очигледно се обидел да слета на блиското фудбалско игралиште, но удрил во металниот покрив на еден бизнис, што предизвикало голем пожар.

Причината за несреќата се истражува.

Градоначалничката на Сан Матео, Атенка Ана Муниз, изјавила дека околу 130 лица биле евакуирани од областа поради пожарот.