Најмалку еден рудар загина, а 11 се повредени во земјотрес во полски рудник

Сподели со своите пријатели

Најмалку еден рудар загина, а 11 се хоспитализирани откако земјотрес го погоди рудникот за јаглен во сопственост на полската компанија ПГГ во Радлин, соопшти групата.

Loading...

Се додава дека земјотресот се случил во текот на ноќта на длабочина од околу 800 метри, пренесува Ројтерс.

„Во погодената област имаше 29 наши вработени. Единаесет од нив беа пренесени во болница. За жал, еден од нашите колеги, еден од рударите, почина“, изјави извршниот директор на ПГГ, Бартош Кепа.

Директорот на локалната служба за итни случаи, Лукаш Пах, изјави дека рударот бил прогласен за мртов на местото на настанот и дека четворица од повредените се во тешка состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Билансот на масакрот во Шведска: 11 мртви

Акцијата за обезбедување на погоденото подрачје се уште е во тек, а материјалната штета на рудникот допрва треба да се проценува, информираат од ПГГ.