Најмалку девет лица загинаа денеска во пожар во болница во јужен Тајван. Пожарот избувна во округот Пингтунг, кој беше силно погоден од тајфунот.
Loading...
Жртвите се задушиле во болница, во чадот од пожарот, чија причина се уште се истражува.
Останатите 176 пациенти се сместени во безбеден дел од болницата, а некои во амбулантни возила или под церади и во околните засолништа.
Тајфунот донесе обилни врнежи и ветрови со брзина од 126 километри на час на островот.
Има голема материјална штета, зафатена е и електричната мрежа, додека многу патишта се отсечени.