Најмалку четири лица загинаа во ракетен напад врз населба во Киев

Сподели со своите пријатели

Во ракетирањето на населбата во Киев е уништен трговски центар, а најмалку четири лица загинаа, соопштија денеска итните служби.

Трговскиот центар, кој се наоѓа меѓу високи згради, е срамнет со земја и од него утрово сѐ уште излегува чад, а од силината на експлозијата се скршени сите прозорци на блиската катна зграда.

 

Зошто Мариупол е толку важен за Русија?

 

Оддалеку се слуша звукот на артилерија додека пожарникарите минуваат низ уништената густо населена област Подли.