Најмалку 99 загинати на Хаваи, стотици луѓе се водат како исчезнати

Сподели со своите пријатели

Најмалку 99 луѓе загинаа во шумски пожар на Хаваите, изјави гувернерот Џош Грин, додавајќи дека бројот на жртви може да биде многу поголем.

Loading...

Овој пожар е најсмртоносниот во САД во последните 100 години, објави Гардијан.

Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ јагленосаните остатоци од историскиот град Лахаина.

Грин рече дека обемот на штетата од пожарот е „неверојатен“.

Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители.

Со повеќе од 2.700 оштетени или уништени објекти и изгорени повеќе од 2.100 хектари земја, Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги процени трошоците за обнова на Лахаина на 5,5 милијарди долари.

На жителите на Лахаина им е дозволено да се вратат во градот.

Грин изјави за Си-Би-Ес дека официјалните лица очекуваат да најдат помеѓу 10 и 20 луѓе дневно во текот на следната недела и половина.

Loading...

Бидејќи услугата за мобилни телефони полека се обновува, бројот на исчезнати се намали на околу 1.300 од повеќе од 2.000, рече Грин.

Тоа е најсмртоносниот шумски пожар од 1918 година кога 453 луѓе загинаа во шумски пожар во Минесота и Висконсин, според Националното здружение за заштита од пожари (NFPA).

Причината за пожарот се уште е под истрага.

Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој е роден на Хаваи, во неделата се појави во видео во кое ги промовира напорите за собирање средства за обнова по пожарите.