Најмалку 700 луѓе во притвор поради упад во Конгресот и претседателската палата во Бразил

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 700 осомничени сѐ уште се во притвор откако радикалните поддржувачи на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро упаднаа во главните владини институции на Бразил во неделата, додека властите ги зајакнаа безбедносните мерки за да спречат понатамошни немири.

Loading...

Илјадници демонстранти кои го нападнаа бразилскиот Конгрес, Врховниот суд и претседателската палата во Бразилија одбиваат да го признаат изборниот пораз на Болсонаро пред левичарот Луис Инасио Лула да Силва, кој положи заклетва како претседател на 1 јануари.

Управата на казнено-поправниот дом во главниот град ги објави имињата на 763 уапсени во средата.

Тие беа приведени веднаш по нападот и кога во вторникот беше разбиен протестен камп на приврзаници на Болсонаро пред седиштето на вооружените сили во главниот град.

Полицијата уапсила најмалку 1.500 луѓе. Неколку стотици луѓе уапсени за време на немирите беа одведени во различни затвори, а околу 1.200 приврзаници на Болсонаро беа одведени во федералната полициска академија за да се утврдат нивните лични податоци.

После тоа, сепак, многу луѓе како мајки, мали деца и постари лица беа ослободени.

Во меѓувреме, властите ги засилија безбедносните мерки во Бразил за да спречат евентуални понатамошни дејствија од страна на поддржувачите на Болсонаро.

„Повторување на настаните [од 8 јануари] не доаѓа предвид“, рече шефот за јавна безбедност на главниот град, Рикардо Капели, на бразилската телевизија во средата.

Loading...

– Во иднина ќе биде мобилизирана целата полиција во случај на евентуални немири, рече тој.

„Подрачјето околу министерствата е веќе затворено за автомобилски сообраќај. Ќе има бариери, блокади и контроли“, додаде Капели.

Поддржувачите на Болсонаро повикаа на „мега-протести за повторно преземање на власта“ во сите главни градови на Бразил во средата навечер.

Во меѓувреме, огромното мнозинство Бразилци, 93 отсто од нив, ги осудуваат нападите во неделата врз владините канцеларии во главниот град, според истражувањето на институтот Датафолха.

Само три отсто од испитаниците ги поддржуваат немирите, според истражувањето.

За време на насилството во Бразил, приврзаниците на Болсонаро ја ограбија зградата на Националниот конгрес пред да го насочат својот гнев кон блискиот Врховен суд и кон претседателската палата Планалто.

На безбедносните сили им беа потребни неколку часа да воспостават контрола над областа.