Најмалку 70 луѓе убиени во Газа додека чекале да им се достави помош

Сподели со своите пријатели

Во израелските воени напади, најмалку 70 Палестинци загинаа, а уште 250 се ранети, додека толпата чекаше камиони со помош во градот Газа, соопшти денеска медиумската канцеларија на палестинската управа во Газа под контрола на Хамас, пренесе Ројтерс.

Loading...

Болницата Камал Адван во Газа прими тела на 10 мртви и десетици ранети Палестинци од западниот дел на градот Газа, изјави за Ројтерс шефот на болницата Хусам Абу Сафија.

– Не знаеме колку има во другите болници – додаде тој.

Израелската војска соопшти дека ги истражува извештаите за нападот.

Претходно, Министерството за здравство на Појасот Газа објави дека најмалку 30.035 Палестинци се убиени, а 70.457 се ранети од почетокот на израелската воена офанзива, по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.