Најмалку 68 мртви во американски напад во Јемен

Сподели со своите пријатели

Јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран, денес објавија дека 68 лица се убиени во американскиот напад врз центарот за притвор на мигранти во Саада, нивното упориште на северот од земјата, според нов извештај за жртви.

Loading...

„Цивилната одбрана објави дека 68 африкански мигранти се убиени, а 47 се ранети во американски напад насочен кон центар во кој се сместени нелегални мигранти во градот Сада“, објави бунтовничкиот телевизиски канал Ал Масира.

Официјалната новинска агенција на бунтовниците од Саба ја објави веста за американските напади врз „еден од центрите за притвор на африкански мигранти во притворниот центар Сада“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шокантни сцени од Ванкувер, возач уби 11 лица

Во центарот биле сместени 115 мигранти, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи на администрацијата на Хутите.

Телевизијата емитуваше снимки на кои се гледаат тела заробени под урнатините и спасувачки екипи кои се обидуваат да им помогнат на жртвите.

Американските напади имаат за цел да ја неутрализираат заканата од бунтовниците Хути во Црвеното Море, поморска зона клучна за глобалната трговија.

Од почетокот на војната во Газа, која беше предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, Хутите извршија десетици ракетни напади врз Израел и бродови што се поврзуваат со Израел, тврдејќи дека дејствуваат во солидарност со Палестинците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп откри за што разговарал со Зеленски: Мислам дека е подготвен да се откаже од Крим!