Најмалку 60 загинати во рудник во Буркина Фасо

Сподели со своите пријатели

Најмалку 60 луѓе загинаа, а десетици се повредени во експлозија во неофицијален рудник за злато во југозападниот дел на Буркина Фасо, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјави на официјални лица во областа.

Loading...

Антоан Дуамба, високиот комесар на провинцијата Пони во која се случи инцидентот изјави дека засега не е позната причината за несреќата.

Засега не се знае каков ископ на злато се вршел во рудникот.

Буркина Фасо има големи рудници за злато со кои управуваат меѓународни компании, но и стотици помали, неофицијални, кои работат без регулација и надзор.