Најмалку 50 Палестинци убиени во израелските напади врз Газа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 50 Палестинци, меѓу кои и деца, беа убиени во текот на ноќта во израелските напади низ Газа.

Loading...

Во еден од нападите беше погодена хуманитарната зона Муваси, на брегот, каде засолниште побараа десетици илјади Палестинци, пренесе АП.

Најмалку десет лица загинаа утрово, меѓу кои три деца, како и двајца високи претставници на Хамас.

Вториот напад се случи во централниот дел на Газа, во Деир ал Балах, каде загинаа најмалку осум лица.

Според болницата Ал Акса, жртвите биле членови на локални комитети кои помогнале да се обезбедат хуманитарни конвои.

Во Кан Јунис, во нападите загинаа пет полицајци, а портпаролот на израелската влада Дејвид Менсер изјави дека нападот бил насочен кон шефот на внатрешната безбедност на Хамас во јужниот дел на Газа, кој наводно се криел во хуманитарна зона.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека тој одобрил испраќање делегација од Мосад, Шин Бет и војската во Катар за продолжување на преговорите за прекин на огнот.

Медиумите во Израел објавија дека делегацијата ќе отпатува за Катар во петок.

Loading...

Хамас се уште не ги коментираше преговорите.

Нетанјаху, кој беше опериран од простата, беше пуштен од болница.

Тој вети дека ќе ја продолжи офанзивата додека Хамас не биде уништен.