Најмалку 37 лица се повредени во силна експлозија во Париз (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 37 лица се повредени во силна експлозија предизвикана од истекување гас во центарот на Париз во средата, соопшти министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, јавува Анадолија.

Loading...

Во изјава за новинарите на местото на експлозијата, Дарманин рече дека четири лица се во критична состојба.

Тој додаде дека се верува дека под урнатините сѐ уште има две лица.

Заменик-началникот на петтиот округ во Париз, Едуард Сивел изјави дека експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување на гас.

Целосно е прекинато снабдувањето со гас во населбата каде што се случи експлозијата.