Најмалку 30 жртви на екстремен студ во најпогодените делови од САД

Сподели со своите пријатели

Големиот бран од ледена бура што го погоди североистокот и делови од југот на САД одзеде најмалку 30 човечки животи, објавија денес американските медиуми.

Длабокиот снег од повеќе од 30 сантиметри што покри појас од Арканзас до Нова Англија со должина од околу 2.100 километри го запре сообраќајот, откажа летови и доведе до затворање на училиштата, објавува АП.

Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, 16-годишно девојче почина додека се санкаше, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето го влечело по санката тинејџер кој возел моторна санка.

Во соопштението се наведува дека санката на која се возела девојчето прво удрила во тротоарот, а потоа и во дрво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Една германска компанија ќе произведува повеќе гранати од цела Америка

Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркингот на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти, претходно објави АБЦ.

Во државата Арканзас, 17-годишно момче почина по сообраќајна несреќа во која со санката се удри во дрво, објави канцеларијата на шерифот на округот Салин.

Во сојузната држава Пенсилванија, три лица загинаа додека чистеле снег, изјави окружниот мртовечник, додавајќи дека жртвите се на возраст од 60 до 84 години.

Националната метеоролошка служба соопшти дека областите северно од Питсбург се погодени со температури од минус 31 степен Целзиус и потврди дека студот влијае на две третини од САД.

Се очекува уште еден бран на арктички воздух да ги одржи температурите под нулата во областите што веќе се покриени со снег и мраз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерите на Данска и Гренланд на средби со Мерц и Макрон

Метеоролозите велат дека постои можност уште една зимска бура да погоди делови од Источниот брег следниот викенд.

Во Њујорк, официјалните лица објавија дека за време на ледениот викенд, осум лица се пронајдени мртви на отворена површина.

Стотици илјади луѓе останаа без струја со повеќе од 630.000 прекини на електричната енергија низ САД, главно на југот каде што налетите на замрзнат дожд во текот на викендот соборија гранки од дрвја и далноводи, предизвикувајќи катастрофални прекини во северниот дел на Мисисипи и делови од Тенеси.

Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс, изјави дека најмалку 14 домови, една деловна зграда и 20 јавни патишта претрпеле сериозни штети за време на ледената бура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Авион со осум лица се урна во САД