Најмалку 25 деца страдаа во пожар во училиште во Нигер

Сподели со своите пријатели

Најмалку 25 ученици од основните училишта загинаа кога нивното училиште изградено од дрво на југот на Нигер се запали, соопшти владата.

Loading...

Како што се наведува, повредени се 14 деца, од кои пет се во критична состојба.

Регионалниот функционер Маман Хди изјави дека засега не е позната причината за пожарот во градот Маради, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека наставата е прекината и дека е прогласена тридневна жалост.

Ова е втор пат годинава деца да загинат во пожар во училница во Нигер, откако во април во главниот град Ниамеј загинаа 20 деца од предучилишна возраст.

Владата денеска соопшти дека по тие две несреќи ќе биде забранета настава во згради со сламен покрив.