Најмалку 22 цивили загинаа во гранатирање на станбена област во Чернихив

Сподели со своите пријатели

Најмалку 22 цивили загинаа во рускиот напад на градот Чернихив на северот на Украина, соопшти денеска локалната државна агенција за вонредни ситуации.

Loading...

 

Полицијата објави видео од страшните последици од бомбашкиот напад на Чернихив

 

Во тој град живеат околу 280.000 луѓе, а руската армија го гранатираше станбениот дел и покрај тврдењата на властите дека целта се само воени објекти и инфраструктура.

Бројот на жртви е веројатно поголем, а спасувачите бараат жртви или преживеани во урнатините.

Снимен е моментот на бомбардирањето во Чернихив (VIDEO)