Најмалку 200 луѓе загинаа во рудник во Конго

Сподели со своите пријатели

Најмалку 200 луѓе загинаа во уривањето на рудник за колтан во источен Конго, објави денес Министерството за рударство.

Вооружената бунтовничка група М23, која ја презеде областа во мај 2024 година и сега ги контролира рудниците Рубаја, го оспорува тој број, наведувајќи дека немало лизгање на земјиштето, туку дека рудникот бил бомбардиран и дека пет лица биле убиени.

Рударот Ибрахим Талусеке рече дека учествувал во извлекувањето на најмалку 200 тела и дека се исплашени бидејќи нивните животи се во опасност и дека сопствениците на јамите не сакаат да го објават вистинскиот број.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Непалците избираат нов парламент на предвремени општи избори

Градот Рубаја се наоѓа во центарот на источен Конго, дел од земјата богат со минерали, кој е погоден од децении насилство меѓу владините сили и разни вооружени групи, вклучувајќи ја и М23 поддржана од Руанда.

Конго е главен снабдувач на колтан, црна руда што содржи редок метал тантал, клучна состојка во производството на мобилни телефони, компјутери и авионски мотори.

Земјата произведе околу 40 проценти од вкупниот светски колтан во 2023 година, според Геолошкиот завод на САД, а Австралија, Канада и Бразил остануваат главни добавувачи. Повеќе од 15 проценти од светските резерви на тантал доаѓаат од рудниците во Рубаја.

Во мај 2024 година, М23 го освои градот и ја презеде контролата врз неговите рудници. Според извештајот на Обединетите нации, откако ја освоија Рубаја, бунтовниците воведоа даноци за трговијата и транспортот на колтан, носејќи заработка од најмалку 800.000 долари месечно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган нуди да посредува меѓу Пакистан и Авганистан