Најмалку 19 повредени во пожар во Турција

Сподели со своите пријатели

Најмалку 19 лица се повредени во шумските пожари кои беснеат во турското летувалиште Датча, соопшти Министерството за здравство.

Loading...

Пожарот кој избувна во средата се уште трае, а гаснењето на пожарот го отежнува силниот ветер.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од десет авиони и хеликоптери, ангажирана е воена опрема, јавуваат агенциите.

Надлежните не ја исклучуваат можноста за саботажа и намерно палење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хаити: Мештаните и полицијата во заедничка борба против бандите, загинаа над 20 луѓе