Најмалку 18 мртви во поплави и лизгање на земјиште во Бразил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 18 лица загинаа во лизгање на земјиштето и поплави откако бранот обилни дождови стигна до планинскиот регион на државата Рио де Жанеиро во Бразил.

Loading...

Надлежните стравуваат дека бројот на жртви може да биде уште поголем, додека спасувачите од утрово интервенираат и ги проверуваат загрозените подрачја.

Државната противпожарна служба соопшти дека во планинскиот регион Петрополис наврнал дожд за само три часа, колку за еден месец.

 

 

Пороите со себе носеа делови од карпи и камења, автомобили, дрвја. Најмалку 18 лица загинаа, а властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Спасувачките екипи и повеќе од 180 војници се во погодениот регион.

Loading...

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како автомобили и куќи исчезнуваат во лизгање на земјиштето и вода што се врти и порои кои минуваат низ градот Петрополис и соседните окрузи.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во Русија, на Твитер напиша дека им наложил на своите министри веднаш да им дадат поддршка на луѓето во погодените области.

„Господ да ги утеши семејствата на жртвите“, рече Болсонаро.