Најмалку 18 лица загинаа, а многу се повредени кога автобус и камион кој превезувал млеко се судриле во северна Индија.
Loading...
Судир на двокатен и камион во кој се повредени 19 лица се случил во сојузната држава Утар Прадеш.
„Властите се во процес на идентификување на жртвите, а започната е истрага за да се утврди точната причина за несреќата“, изјави полицискиот претставник Арвинд Кумар.
Ударот бил толку силен што едната страна од автобусот се откачила, по што патниците испаднале од возилото.
Индија има една од највисоките стапки на смртност на патиштата во светот, со стотици илјади загинати и повредени годишно.
Причината е главно несовесно возење, лошо одржувани патишта и стари возила.