Најмалку 15 Палестинци убиени во напади во Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 Палестинци загинаа во напади во Појасот Газа, соопштија денеска здравствените власти.

Loading...

Медицински извори соопштија дека најмалку 12 лица загинале во израелски напад врз куќа во областа Џабалија во северна Газа, пренесува Ројтерс.

Уште најмалку 10 лица се водат како исчезнати додека спасувачите ја продолжуваат потрагата.

Вториот напад бил извршен со артилериски оган и еден човек загинал.

Во предградието Сабра, на периферијата на Газа, израелски воздушен напад погоди палестински тим за цивилна одбрана за време на спасувачките операции, при што загина еден член на тимот, а тројца други беа повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хезболах: Договорот за прекин на огнот со Израел мора брзо да ги прекине борбите

Нападите продолжија на југот на Газа, каде еден човек загина во израелски воздушен напад, додека други беа повредени.

Жителите на Џабалија, Беит Лахија и Беит Ханун известија дека израелските сили уништиле стотици куќи, што според нив ги зголемило стравувањата дека Израел се обидува да создаде тампон зона, што Тел Авив го негира.

Израел најави дека целта на неговите сили во тие области е да се борат против борците на Хамас и да го спречат нивното прегрупирање.

Loading...

Според израелските тврдења, стотици борци на Хамас се убиени од 5 октомври.

Катар, клучен посредник во преговорите за примирје, рече дека ќе ги прекине напорите за посредување доколку страните не покажат волја сериозно да постигнат договор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН: Палестинците немаат добиено никаква помош повеќе од еден месец

Хамас повикува на примирје што ќе стави крај на војната, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека војната нема да заврши додека Хамас не биде целосно уништен.