Најмалку 14 Палестинци загинаа во нападите на израелските сили ширум Газа

Сподели со своите пријатели

Во денешните напади на израелската армија (ИДФ) низ Појасот Газа, загинаа најмалку 14 Палестинци, вклучително и шест лица кои загинаа во нападите врз бегалските шатори, соопштија медицински извори.

Loading...

Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа во воздушен напад на израелски воени авиони врз бегалски камп во крајбрежната област Ал-Маваси, кој беше прогласен за хуманитарна зона, додека уште две лица загинаа во привремените засолништа во градот Рафах во јужниот дел на окупираната палестинска енклава и уште едно лице во напад со дрон, се вели во соопштението на палестинските здравствени власти, пренесува Ројтерс.

Во градот Беит Лахија на северот на Појасот Газа, медицински извори потврдија дека израелска ракета погодила куќа, при што загинале најмалку две лица, а неколку други се повредени.

Во неделата беше објавено дека десетици луѓе се убиени или повредени во израелски воздушен напад врз повеќекатната станбена зграда во градот Беит Лахија.