Најмалку 14 Палестинци, главно жени и деца, загинаа во северниот дел на Газа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 14 Палестинци, претежно жени и деца, загинаа рано утринава во израелски воздушен напад врз Џабалија на северот од Појасот Газа, а уште девет се повредени, соопшти Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас.

Loading...

Претставникот на Министерството за здравство, Мунир ал Бурш, изјави за Си-Ен-Ен дека има уште тела под урнатините и дека жителите и тимовите за цивилна одбрана учествуваат во спасувачката операција.

Ал Бурш од теренската болница во Џабалија изјави дека цел на израелскиот напад биле две куќи во кои имало голем број раселени Палестинци.