Најмалку 13 жртви во уривање на дотраена зграда во Триполи

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртви од уривањето на станбена зграда во Триполи, северен Либан, се искачи на 13, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат луѓе закопани под урнатините, објави денес Либанската национална новинска агенција.

Либанските медиуми претходно објавија дека најмалку девет лица загинале, вклучувајќи жена и дете, кога зграда се урна во Триполи во неделата.

Спасувачите пронајдоа девет преживеани во населбата Баб ал-Табане, додека операцијата за пребарување и спасување продолжува, објави Ројтерс.

Службениците во неделата соопштија дека се урнале две соседни згради.

Шефот на либанската служба за цивилна заштита изјави дека 22 жители живеат во двете згради.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Опозициски политичар киднапиран во Венецуела откако беше ослободен од затвор

Спасувачките екипи продолжуваат да копаат низ урнатините во потрага по уште осум лица за кои се верува дека се закопани под урнатините, објави државната Национална новинска агенција.

Десетици луѓе се собрале околу урнатините на зградата, што ја принудило либанската полиција да пука во воздух, објавува АП.

Либанското Министерство за здравство објави дека повредените во вчерашното уривање на зградата ќе добијат лекување на сметка на државата.

Зградата се наоѓала во населбата Баб Табане, една од најсиромашните области во Триполи, вториот по големина град во Либан.

Жителите на тој дел од градот долго време се жалат на негрижата на владата и лошата инфраструктура, а рушењето на згради не е невообичаено во Триполи, каде што се спроведуваат лоши градежни стандарди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во 1999 година, Клинтон побарал од Унгарија да ја нападне Србија, тврди Орбан

Во соопштението, Националниот сојуз на сопственици на недвижности го нарече рушењето резултат на „очигледна небрежност и недостатоци на либанската држава во однос на безбедноста на граѓаните и безбедноста на нивното домување“ и наведе дека тоа не е изолиран инцидент.

Синдикатот ја повика владата да започне сеопфатно национално истражување на зградите што се изложени на ризик од уривање, пренесува Танјуг.