Најмалку 121 лице, претежно жени и деца, загинаа во стампедо на верски собир во северна Индија, јавија индиските медиуми.
Стампедото се случило во вторникот, а голем број луѓе паднале во отворена канализација во близина на местото на одржување на верскиот собир.
Полицијата отвори истрага, наведувајќи дека на настанот пристигнале околу 250.000 луѓе, додека се очекувале само 80.000, а само 40 полицајци биле распоредени за обезбедување на собирот, објави Тајмс оф Индија.
Стампедо се случи на состанокот за молитва, познат како сатсанг, во селото Мугал Гархи во индиската држава Утар Прадеш кога голем број луѓе побрзаа да ги допрат нозете на верскиот проповедник Бола Баба.
Полицијата трага по Бола Баба.
Полицијата соопшти дека организаторите на настанот не им пружиле помош на повредените и дека се обиделе да го прикријат инцидентот криејќи ја облеката и обувките кои луѓето ги изгубиле при стампедото.
🇮🇳 | Una estampida en un evento religioso en la India deja al menos 116 personas muertas. pic.twitter.com/bC7mRxM5Dd
— Alerta Mundial (@AlertaMundoNews) July 2, 2024