Американската компанија „Најп“ е првиот произведувач на спортска опрема кој направи хиџаб за муслиманките.
Хиџабот е направен од лесен, растеглив материјал со ситни отвори кои овозможуваат циркулација на воздухот и има продолжен заден дел. Ќе биде произведуван во три бои, црна, сива и поја на опсидијан, пренесува „Гардијан“.
Продажбат ана првиот спортски хиџаб, наречен „Најки про хиџаб“ ќе започне за една година. Се работи на доразвивање на овој приозвод кој бил осмислуван година дена, а го тестирале спортистки меѓу кои и Захра Лари од Обединетите Арапски Емирати.
Лари, која се надева дека ќе учествува на следните Зимски Олимписки игри во Јужна Кореја, објавила на својот профил на Инстаграм фоторгафии на кои го носи новиот хиџаб.
Не можам да верувам дека ова конечно е тука – напишала Лари.
Loading...