Најголемиот аквариум во светот пристигнува во Абу Даби, но без китови убијци

Сподели со своите пријатели

Во 2022 година на островот Јас во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, треба да биде отворен тематски парк за морскиот свет и центар за истражување, спасување и рехабилитација на животни.

Loading...

Тоа ќе биде првиот парк на компанијата „SeaWorld Parks & Entertainment“, кој се наоѓа надвор од САД, и првиот парк без китови убијци.

Најголемиот аквариум во светот, ќе има пет ката, ќе биде исполнет со 25 милиони литри вода.

Тоа ќе биде дом на повеќе од 68.000 морски животни, како што се ајкули, гребени риби, морски желки, распоредени на пет нивоа.

 

 

Во рамките на објектот е планиран и наменски истражувачки центар за зачувување на морски животни и промоција на истражувањето.

Loading...

Посетителите ќе можат да се запознаат со работата на локалните научници и да учествуваат во едукативни програми за животинските видови кои живеат во океанот.

„Возбудени сме што ќе бидеме партнери со SeaWorld Parks & Entertainment. Паркот ќе го има најголемиот морски аквариум во светот и првиот посветен истражувачки центар во ОАЕ за проучување и грижа за животните. Ова е уште еден одличен додаток на постојните искуства и атракции на островот Јас и доказ за постигнување на нашата визија за позиционирање на островот како врвна глобална туристичка дестинација за жителите и посетителите“, рече Мохамед Абдала Ал Зааби, извршен директор на Мирала, развојна компанија зад островот Јас.