Корисниците на Редит разговараа за туризмот низ Европа, а многумина почнаа да пишуваат за тоа колку нешта – знаменитости, јадења, места – направиле сензација, а кога ќе ги видите или пробате во живо не сте воодушевени.
Тие ги нарекоа овие работи „замки за туристите“, а на целата листа што ја пренесе BuzzFeed се најде и еден хрватски град.
Кога станува збор за гастрономијата, редиторите многу ја критикуваа Италија. Велат дека треба да избегнувате ресторани во близина на големите плоштади на кои на менито има фотографија и имиња на јадења, како и специјалитети од риба во Венеција.
Причина за тоа се високите цени кои туристите често не ги ни забележуваат бидејќи се напишани со ситни букви, а шокот доаѓа кога ќе пристигне сметката.
Многу ресторани во Париз се споредуваат со горенаведените, особено оние во близина на Ајфеловата кула и Лувр – таму често се служи загреана, замрзната храна, а цените се високи.
Подобра опција, велат, се рестораните во споредните улици и помирните делови на градот.
Лондонскиот плоштад Лестер е уште една туристичка локација за која луто зборуваат оние што го посетиле.
„Тоа е замка за туристите, а целта е да се потрошат што повеќе пари. Баровите се скапи, рестораните се многу лоши… На многу други локации можете да најдете нешто за помалку пари, и подобро. Прошетајте таму , убаво е, но не трошете пари“.
Тие исто така советуваат да се избегне Октоберфест во Минхен бидејќи подобро пиво и храна може да се најдат во некои помали градови низ Баварија, а цените се исто така пониски.
Критики доби Дубровник. Еден корисник го опиша како „исклучително убав град, но само од далеку“.
Според него, во Стариот град има многу кафулиња, ресторани и туристички агенции. Сè е полно со чадори за сонце, столици, персонал, менија… „Таму веројатно има сто ресторани. Не само по долгите улички туку и по тесните, споредни улички. Никогаш не сум доживеал такво нешто. Покрај тоа, тој останал запрепастен од цените во сите овие локали.
Тој вели дека платил 10 фунти за 0,25 мл сок од јаболко, а му пречеле огромните гужви на улиците. Овој град го смета за „оригинален и неверојатен“, но бил уништен од луѓето.