Најголемата санта мраз во светот „А23а“, која се отцепи од брегот на Атлантикот во 1986 година, почна да се движи по 30 години заглавена во Веделовото Море.
Леден остров со површина од речиси 4.000 квадратни километри, управуван од ветрови и струи во изминатата година, лебдеше со голема брзина, а сега ќе плови надвор од водите на Антарктикот, јавува Би-би-си.
Ледениот џин моментално го минува северниот врв на полуостровот Антарктик, а експертите предвидуваат дека речиси сигурно ќе биде фрлен во антарктичката кружна струја, која ќе го насочи кон јужниот дел на Атлантикот, по патеката позната како „Улица на ледениот брег“.
Експертот за далечинско набљудување на Британското Антарктичко истражување, Ендрју Флемниг, смета дека нема посебна причина зошто ледениот титан почнал да се движи, туку едноставно дека е дојдено време.
„Таа е заземјена од 1986 година, но на крајот нејзината големина се намали доволно за да го изгуби стисокот и да почне да се движи. Првото движење го забележав во 2020 година“, објасни Флеминг.
Научниците внимателно ќе го следат напредокот на А23.
Ако застане во Јужна Џорџија, може да предизвика проблеми за милионите фоки, пингвини и други морски птици кои се размножуваат на островот, со што ќе ги наруши нормалните патишта на хранење на животните.
Но, ледените брегови не само што се лоши, освен што се и опасни објекти, како што беа некогаш за Титаник, тие имаат и свои позитивни ефекти врз пошироката средина.
Како што се топат овие големи планини, тие ослободуваат минерална прашина која е извор на хранливи материи за организмите кои ја формираат основата на океанските синџири на исхрана.