Најголемата мачка во светот излезе на прошетка – има 319 килограми (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најголемата мачка во светот која има гени на лав и тигар, излезе на прошетка во придружба на две многу храбри момчиња во Јужна Каролина.

Loading...

Мајк Холстон, кој на социјалните мрежи е познат под прекарот „Вистински Тарзан“, објави видео во кое го шета својот миленик.

Мачката се вика Аполо и има 319 килограми.

– Се поставува прашањето што овој ѕвер може да јаде. Мислам дека може да изеде се што ќе види пред себе. Мислам дека неколку вакви ѕверки би собориле крдо слонови и би ги изеле за ужина, рекол Мајк.

Додека големото животно продолжува да се шета, Мајк тврди дека неговите заби се големи како неговиот среден прст и го споредува јазикот со големината на неговата подлактица.

– Вратот на Аполо е толку голем што не можете да го опфатите со раце, велат тие.

Џиновскиот предатор има пруги на грбот, за кои мажите веруваат дека ги наследил од својата мајка.

Фото: Јутјуб принтскрин

Loading...

Leave a Reply